среда, 6 мај 2026

Во Романија две партии договорија влада, секоја ќе има премиер на половина мандат

Објавено на

часот

Сподели

Двете партии, кои пред да се разделат ја делеа власта од 2012 до 2014 година, се договорија воедно и за досега невидена „смена“ на премиер до парламентарните избори во декември 2024 година.

Кандидатот на либералите (ПНЛ) Николае Чука и социјалдемократот (ПСД) Марчел Чолаку на тој начин треба да се сменат на функцијата премиер, со мандат од по една и пол година.

„Ги завршивме преговорите за политичката структура на идната влада“, рече Чолаку за новинарите по состанокот со ПНЛ и партијата на унгарското малцинство (УДМР), коалициски партнер.

Останува уште да се договорат за тоа кој ќе биде премиер на новата влада, по што нивниот избор треба да биде потврден од претседателот Клаус Јоханис, додаде Чука.

Идната влада се соочува со голем број проблеми што треба да се решат што е можно поскоро: инфлација близу осум проценти во услови на забавување на економскиот раст, закрепнување на јавните финансии и управување со здравствената криза, кога во земјата со 19 милиони жители само 37 отсто од населението е целосно вакцинирано, додека се шири нов бран на особено заразниот сој на коронавирус.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ