Бранителот на титулата го доби првиот меч од серијата со Лос Анџелес Лејкерси (108-90). Се обиде тимот од Калифорнија да му парира на домаќинот во „Пејком Центарот“, ама немаше сили за да го изненади фаворитот.
Најдобар поентер на средбата беше Леброн Џејмс со 27 поени зад своето име, додека кај Оклахома се истакна Чет Холмгрен со 24, а Шеј Гилџус Александер уфрли 18 поени.
Фаворитската улога ја оправдаа и Детроит Пистонси со победата од 111-101 против Кливленд Кавалирси. Се играше меч кој домаќинот во најголема мера го контролираше и на крајот стигна до победата. Со по 23 поени најдобри поентери беа Канингем од Детроит и Мичел од Кливленд.






