Забранети се и градежните работи до 21 ноември, со исклучок на проектите поврзани со сообраќајот и одбраната.
Затворени се и неколку електрани на јаглен, па во моментов пет од 11 имаат дозвола за работа.
Токсичен чад го задушува Делхи од фестивалот Дивали.
Нивоата на ПМ2,5 – ситни честички што може да ги оштетат белите дробови – во Делхи се далеку над нивоата наведени во безбедносните упатства на Светската здравствена организација.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=ehTV_mT8c2E autoplay:0]Во повеќе делови од градот во вторникот се забележани бројки близу или повеќе од 400, што е во категоријата „тешко“ загадување.
Бројките меѓу 0 и 50 се сметаат за „добри“, а меѓу 51 и 100 „задоволителни“, според Индексот за квалитет на воздухот (AQI).
Мешавина од фактори како што се испарувањето од возилата и индустријата, прашината и временските услови придонесоа Делхи да стане најзагадениот главен град во светот.
Воздухот станува особено токсичен во зимските месеци бидејќи земјоделците во соседните држави ги палат посевите.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=A-N9aqa-Pt4 autoplay:0]
Огнометите за време на фестивалот Дивали, кој се одржува во исто време, дополнително го влошуваат квалитетот на воздухот.
Поради слабиот ветер, загадувањето се задржува во долните слоеви на атмосферата.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=7hsugdWAdg8 autoplay:0]





