недела, 3 мај 2026

Во Индија се потрошени милијарда дози вакцина против корона

Објавено на

часот

Сподели

Индија вакцинираше 75 проценти од 944 милиони возрасни лица со барем една доза, но само 31 процент со двете. Владата сака да ги вакцинира сите возрасни до крајот на оваа година.

„Индија испишува историја“, напиша премиерот Нарендра Моди на Твитер. „Сведоци сме на триумфот на индиската наука, претприемништвото и колективниот дух на (1,3 милијарди) Индијците“.

По тој повод, Моди ја посети владината болница во Њу Делхи, а Министерството за здравство најави музички и други програми низ целата земја.

Инфекциите во таа земја се на најниско ниво од март, но Министерството за здравство, исто така, оваа недела предупреди дека „значителен број луѓе во Индија не ја зеле втората доза во рок и покрај соодветните резерви“. Здравствените власти ги повикуваат Индијците да се вакцинираат што е можно поскоро бидејќи фестивалската сезона е во тек и ризикот од нов бран на зараза расте.

Речиси 90 проценти од искористената вакцина во Индија е од Институтот за серум во Индија (СИИ), која произведува лиценцирана верзија на вакцината Астразенека. СИИ тројно го зголеми својот капацитет од април и сега месечно произведува 220 милиони дози од вакцината.

Светската здравствена организација (СЗО), која во голема мера се потпира на Индија за снабдување на глобалната програма КОВАКС, ѝ честиташе на земјата што ја достигна оваа пресвртница.

„Напредокот на Индија мора да се гледа во контекст на посветеност и напори кои се за пофалба со цел да се обезбеди глобален пристап до спасоносната вакцина“, рече Пунам Кетрапал Синг, регионална директорка на СЗО за југоисточна Азија.

Индија досега потврди 34,1 милион случаи и повеќе од 452.000 смртни случаи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ