недела, 3 мај 2026

Полицијата уапси пет лица во Скопје, пронајдени дрога и бела прашкаста материја

Во текот на 2 и 3 мај 2026 година, на повеќе локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода пет лица, кај кои била пронајдена дрога.

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за Б.Р. (23), Т.Ј. (19), И.Т. (36) и еден малолетник, сите од Скопје, како и П.Б. (26) од Република Србија. При извршените контроли кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја и марихуана.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави, се вели во соопштението на МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ