четврток, 23 април 2026

Во Грција рекордни 46 степени (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Многу висока температура од 44,9 Целзиусови степени е забележана и во Лариса и Спарта. Во Атина беше топло, 42 степени, додека метеоролозите објавија дека топлината ќе пристигне во вторник и среда, низ целата земја. Тие предупредуваат и на голема опасност од нови пожари.

Опасноста од нови пожари оваа недела за Грција ја претставува ветерот со променлива јачина и правец. Градските власти обезбедија бесплатен влез на плажите во Атина, скратено работно време во јавниот сектор… Беспилотните летала над земјата околу Акропол измерија температура од над 57 степени, но во сенката на мермерните столбови на Партенон, само 32 степени.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=6Y5ppVqwyz0 autoplay:0]

Речиси 50 степени зрачеа покривите и асфалтот околу старите згради, додека на фасадите на поновите и на плоштадот Омонија, температурата беше значително пониска, 35 степени.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=DmeXvOia5sY autoplay:0]

Грција немала толку екстремни температури од 1987 година. Системот за снабдување со електрична енергија е под голем притисок, поради што се одржа итна седница на владата со цел да се испланираат сите потребни мерки за нормално снабдување струја. По тој повод, беше упатен апел до граѓаните да се обидат да ја намалат потрошувачката во кризните часови од 13 до 15 часот, 18 часот до 19 часот и 22 часот до 23 часот, да не користат електрични уреди без голема потреба и да заштедат електрична енергија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ