петок, 24 април 2026

Во Германија потврден доживотниот затвор за неонацистката Беате Чепе

Објавено на

часот

Сподели

Сојузниот суд на правдата соопшти дека ја одбил нејзината жалба на пресудата по 10 точки од обвинението за убиство.

Регионалниот суд во Минхен ја прогласи во 2018 година Чепе за виновна за соучесништво во девет убиства, осум Турци и припадничка на германската полиција во периодот од 2000 до 2007 година.

Осудена е за членството во терористичката организација Националсоцијалистичко подземје, учество во два бомбашки напади и повеќе десетици грабежи на банки.

Таа тврдеше дека не била присутна на ниедно место на злосторство и дека не учествувала во убиствата префрлајќи ја вината на други познати припадници на терористичката група, но судот одлучи дека била вклучена во планирањето.

Нејзините два соучесници и лидери на групата Уве Бенхарт и Уве Мундлос, за кои се верува дека извршиле самоубиства во 2011 година кога полицијата ја откри бандата, умреа пред апсењето во настан кој личел на убиство и самоубиство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ