петок, 24 април 2026

Трамп: Нема ништо полошо од нуклеарен холокауст во Европа (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека нема да употреби нуклеарно оружје против Иран и нагласи дека таквото оружје „никогаш не треба да му биде дозволено на никого“. Трамп го изјави ова одговарајќи на прашања од новинарите во Белата куќа за можен конфликт со Техеран.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Зошто би користел нуклеарно оружје? И без него, на сосема конвенционален начин, ние целосно ги уништивме“, рече Трамп, осврнувајќи се на состојбата на иранската војска. Тој тврди дека американската војска може да го неутрализира секое ново иранско вооружување за околу еден ден.

„Нивната морнарица ја нема. Нивните воздухопловни сили ги нема, нивната воздушна одбрана ја нема. Можеби малку се вооружиле за време на двонеделната пауза, но ние ќе го неутрализираме тоа за околу еден ден, ако го направиле тоа“, додаде Трамп.

На прашањето колку долго е подготвен да чека на долгорочен мировен договор со Иран, Трамп одговорил: „Не ме брзајте“. Тој објаснил дека неговата цел не е брз, туку квалитетен и траен договор. „Сакам да склучам најдобар договор. Можев веднаш да го склучам, но не сакам. Сакам да биде траен“, рекол тој.

Трамп се осврна и на општата закана од нуклеарно оружје, живописно опишувајќи ги последиците од таков конфликт во Европа. „Не мислам дека би имало нешто полошо од нуклеарен холокауст во Европа; Лондон, Париз, разни места во Германија, сите би биле цели“, изјави тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ