петок, 24 април 2026

Во Белград уапсен Македонец–лажен хирург, дел од шема за лажни сообраќајки

„Лажен хирург мамел луѓе низ Белград и земал ‘мрсни’ пари“, објавува наслов денес српскиот медиум „Блиц“.

Објавено на

часот

Сподели

Македонец се претставувал како лекар и барал пари за „итни“ операции: собрал 100.000 евра, наведува „Блиц“.

„А.К. лажно се претставувал како хирург и ветувал итна операција на член на семејството на оштетената, за пари. Лажниот хирург е уапсен веднаш по примопредавањето на парите – кај него се пронајдени 16.500 евра и 150.000 динари (околу 70.000 денари).

Припадниците на Министерството за внатрешни работи во Белград, Управата за криминалистичка полиција, во соработка со Првото основно јавно обвинителство во Белград, го уапсиле државјанинот на Македонија, А.К. (42) поради постоење основи за сомневање дека извршил кривично дело – измама“, се наведува во известувањето на српскиот медиум.

Тој се сомничи дека претставувајќи се лажно како хирург, заедно со повеќе, засега непознати лица, оштетената ја довел и одржувал во заблуда, дека за паричен надомест итно ќе оперира член на нејзиното семејство, кој наводно доживеал сообраќајна несреќа.

Групата собрала 100.000 евра со измами

Има сомневања дека А.К. и лицата по кои се трага, во периодот од ноември минатата година до сега, на ист начин извршиле измами на територијата на Белград и така противправно се стекнале со повеќе од 100.000 евра.

На осомничениот му е одредено задржување до 48 часа, по што, со кривична пријава ќе биде приведен на надлежното обвинителство.

 

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ