петок, 24 април 2026

Тројца работници затрупани со земја на градилиште – двајца се извадени, третиот се извлекува

Тројца работници утрово биле затрупани со земја при ископ на темели на градилиште во Скопје, од кои двајца се извадени и пренесени  на скопските клиники, а се работи на вадење и на третото лице, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска во 08:17 часот во СВР Скопје е пријавено дека на градилиште на улица ‘Козјак’ во Скопје, при ископ на темели со земја биле затрупани тројца работници. Од нив, двајца се извадени и со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’, а во координација со Центарот за управување со кризи и Бригадата за противпожарна заштита се преземаат мерки за вадење и на третото лице“, велат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ