петок, 24 април 2026

САД нудат награда од 10 милиони долари за водач на проиранската милиција во Ирак

Соединетите Американски Држави нудат награда до 10 милиони долари за информации за водачот на ирачката шиитска милиција Катаиб Сајид ал-Шухада (КСС), поддржана од Иран.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Американскиот Стејт департмент, преку својата програма „Награди за правда“, го идентификуваше водачот како Хашим Финјан Рахим ал-Сараџи и ја означи неговата група како терористичка организација, објавува „Гардијан“.

Во објава на платформата Икс се наведува дека „припадници на КСС убиваат ирачки цивили и напаѓаат американски дипломатски мисии во Ирак, како и американски воени бази и персонал во Ирак и Сирија“.

Овој потег е дел од одговорот на САД и Израел на зголемените напади од страна на иранската мрежа на милитантни групи низ Блискиот Исток врз американски, израелски и сојузнички цели. Во тој нов, често прикриен конфликт Ирак стана клучно бојно поле.

Гореспоменатите милиции се регрутирани претежно од мнозинската шиитска заедница во Ирак и работат под команда на високи офицери на Иранската револуционерна гарда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ