петок, 24 април 2026

Во Германија драстично зголемување на бројот на новозаразените

Објавено на

часот

Сподели

Здравствените институции пријавиле 8.324 нови инфекции во институтот Роберт Кох (РКИ) во последните 24 часа, што е речиси двојно повеќе од претходниот ден.

Бројот на нови случаи на ковид пријавени за 24 часа се зголеми за повеќе од 4.400 случаи наспроти бројката од 3.912 од вторникот, што укажува дека четвртиот бран добива засилен замав.

Во последните 24 часа, починаа 22 лица, што исто така е зголемување, имајќи предвид дека пред една недела имаше 14 смртни случаи заразени со коронавирусот.

Статистичкиот експерт и известувач на Велт, Олаф Герсеман, истакна на Твитер дека ова е трета недела по ред во која се зголемува бројот на смртните случаи од ковид. Сепак, бавното вакцинирање се чини дека има влијание врз хоспитализациите и смртните случаи.

До денеска 63,5 проценти од населението примиле барем една доза вакцина, додека 57,8 проценти од населението се целосно вакцинирани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ