петок, 24 април 2026

Вашингтон пост: На Американците ќе им треба трета доза вакцина

Објавено на

часот

Сподели

Причина за тоа е јакнење на имунитетот пред високозаразната делта варијанта на вирусот.

Здравствените и научните експерти сметаат дека третата доза ќе биде потребна осум месеци по втората. Одлуката за тоа би можела да биде објавена неделава.

Примената на третата доза веројатно нема да почне пред средината или крајот на септември бидејќи прво треба да ја одобри Агенцијата за храна и лекови (ФДА). Фајзер веќе побара одобрување.

Заклучокот дека широко јакнење на имунитетот ќе биде потребно е усвоено по интензивните расправи на научниците кои ги проучувале податоците за ширењето на заразата и ефикасноста на вакцините во САД и други земји.

Минатата недела водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи изјави дека веројатно на секој во одреден момент ќе му треба трета доза.

Прашањето на таканаречената „бустер“ доза е чувствително, но за него сè повеќе почна да се зборува откако силата на делта варијантата ги изненади научниците.

Сè повеќе податоци покажуваат дека имунитетот стекнат со вакцинирањето ослабува со време, но научниците засега неодлучно зборуваат за тоа, бидејќи сè уште се обидуваат да ги уверат повеќето да се вакцинираат со првите две дози. Покрај тоа, не се сигурно во колкава мера слабеењето на имунитетот можат да го препишат на изминатото време, а колку на новите варијанти на вирусот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ