понеделник, 4 мај 2026

Вархеји: ЕУ внимателно ја следи трансформацијата на Косовските безбедносни сили

Објавено на

часот

Сподели

Членовите на ултрадесничарската група „Идентитет и демократија“ во Европскиот парламент побараа од Вархеји да се огласи за договорот што Косово го потпиша со Турција за набавка на 14 оклопни возила „Вуран 4/4“ во вредност од 9,7 милијарди евра.

„Мандатот на Косовските безбедносни сили првично ја опфаќаше само цивилната безбедност и им беше дозволено да носат само лесно оружје. Дали Комисијата има намера да ја осуди постепената трансформација на безбедносните сили во армија, особено имајќи го предвид противењето на претставниците на српското малцинство?“, се наведува во прашањето што уште во јули го постави француската пратеничка Доминик Билд.

Како одговор, Вархеји го ископира ставот на поранешната потпретседателка на Европската комисија, Федерика Могерини, која на прашањето на истата пратеничка за формирањето на Косовските безбедносни сили во Собранието на Косово на 14 декември 2018 одговори пред три години.

„Европската Унија, како и НАТО, сè уште веруваат дека мандатот на Косовските безбедносни сили може да се промени само преку инклузивен и постепен процес во согласност со Уставот на Косово“, рече тогаш Могерини, додавајќи дека ЕУ очекува Косово да продолжи да ги исполнува своите обврски според Првиот договор склучен во Брисел во април 2013 година и неговите безбедносни аранжмани.

Една од разликите во одговорите на овие двајца е тоа што Могерини во својот одговор пред две години повремено ја ставаше ознаката „*“ покрај името Косово, додека Вархеји упорно ја заборава задолжителната ѕвездичка, вели Н1.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ