понеделник, 4 мај 2026

Мелони е против можно повлекување американски војници од Италија

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека нема да поддржи потенцијална одлука на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување на американските трупи од Италија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа е одлука која не зависи од мене и со која јас лично не би се согласила“, изјави Мелони пред новинарите во ерменскиот главен град, Ереван, на маргините на самитот на Европската политичка заедница.

Минатата недела американскиот претседател беше прашан дали Вашингтон би размислил за повлекување на своите трупи од Италија и Шпанија, а Трамп одговори „веројатно“.

„Италија воопшто не ни помогна, а Шпанија беше ужасна, апсолутно ужасна“, им кажа тој на новинарите.

Пентагон објави во петокот дека Соединетите Американски Држави ќе го намалат своето воено присуство во Германија, нивната најголема европска база, за 5.000 војници.

Трамп, од друга страна, во саботата изјави дека ќе го намали бројот на војници во Германија за „многу повеќе“ од 5.000.

Трамп се закани дека ќе го намали бројот на американски војници во Германија и други европски земји за време на двата негови мандати во Белата куќа, тврдејќи дека сака Европа да преземе поголема одговорност за сопствената одбрана, наместо да зависи од Вашингтон.

Сега се чини дека се обидува да ги казни сојузниците кои не го поддржаа во војната на Блискиот Исток или не придонесоа во обидите за повторно отворање на клучниот Ормуски теснец, кој иранските сили го затворија по американско-израелската агресија врз Иран.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ