Сијарто на Фејсбук наведе дека новата министерка за надворешни работи на Германија Аналена Бербок побара воведување санкции на Додик.
„Загрижени сме поради таквите изјави, бидејќи БиХ е во наша близина. Зачувувањето на мирот и стабилноста во таа земја е нашиот основен безбедносен интерес. Берлин е подалеку, но не толку далеку за да не можете да одлетате до Бања Лука. Одлетајте и преговарајте. Разговарајте со Србите. Со нив, а не за нив. Можеби тоа че ви помогне да ја сфатите ситуацијата“, напиша Сијарто.
Тој потсети дека Европската Унија само со едногласна одлука на државите членки може да воведе санкции на некого и порача дека на сите мора да им биде јасно дека Унгарија нема да даде поддршка на какви било санкции против Додик и дека ќе вложи вето ако има таков обид.






