четврток, 7 мај 2026

7 Мај, Ден на полицијата

Во кругот на Министерството за внатрешни работи во Скопје денеска ќе се одржи централна прослава за одбележување на Денот на македонската полиција – 7 Мај.

Објавено на

часот

Сподели

На настанот обраќања ќе имаат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Александар Јанев.

На одбележувањето на Денот на македонската полиција ќе присуствуваат и министри и други гости, како и претставници на дипломатскиот кор во Македонија.

Активностите продолжуваат попладне во 17.30 часот на паркингот пред Градското собрание каде ќе има презентација на опрема од различни полициски единици и граѓаните ќе имаат можност да се дружат со полициските службеници, а на „Школка“ од 18 часот предвиден е музичко-забавен хепенинг со познати музички ѕвезди.

Вчера во Кавадарци, во организација на Регионалниот центар за гранични работи ЈУГ, успешно се одржа турнир во мал фудбал под мотото „Силни во службата, сплотени на теренот“. Турнирот беше насочен кон унапредување на соработката, јакнење на довербата и развој на тимскиот дух меѓу припадниците на Министерството и партнерските служби, при што учество зедоа екипи од РЦ за ГР ЈУГ, СВР Битола, СВР Велес, САЕ „Тигар“, ЕБР и ФРОНТЕКС.

Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро, во состав на Регионалниот центар за гранични работи Запад, вчера во Охрид реализираше презентација на своите активности, надлежности и оперативни капацитети. На настанот беа презентирани улогата на граничната полиција во заштитата на државната граница, спречувањето на прекуграничниот криминал и одржувањето на безбедноста на Охридското Езеро, при што беше прикажана и дел од опремата и техничките средства. Во рамки на концептот „Соработка помеѓу полицијата и граѓаните“, Регионалниот центар за гранични работи Исток – Делчево реализираше „Отворен ден со полицијата“, на кој присуствуваа ученици од основните училишта „Ванчо Прке“ и „Св. Климент Охридски“ од Делчево, заедно со нивните наставници. Полициските службеници ги запознаа посетителите со работата на граничната полиција, опремата и техничките средства, а беа презентирани и службени кучиња. Учениците имаа можност да разговараат со полициските службеници, да поставуваат прашања и да се запознаат со возилата и опремата.

Слична активност беше реализирана и од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Деве Баир, каде ученици од ООУ „Св. Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка беа запознаени со работата на граничниот премин, опремата и возилата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ