вторник, 13 мај 2025

Украинскиот премиер: Помошта која САД веќе ја обезбедија нема да биде дел од договорот за минерали

Украина постигна договор дека претходната американска помош дадена на Киев нема да биде дел од договорот за минерали што има намера да го потпише со Вашингтон, изјави во неделата украинскиот премиер Денис Шмихал.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Постигнат е договор документот да не ја земе предвид помошта што беше дадена пред неговото потпишување“, рече Шмихал во објава на Телеграм. Шмихал, кој минатата недела беше во САД за пролетните состаноци на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, изјави дека е постигнат добар напредок во договорот по состанокот со американскиот министер за финансии Скот Бесент.

„Најважно е што јасно ги дефиниравме нашите црвени линии, договорот мора да биде во согласност со европските обврски и не смее да биде во спротивност со Уставот и законодавството на Украина“, рече тој. Тој додаде дека правни тимови работат на документот.

Американскиот советник за национална безбедност Мајк Валц вчера изјави дека ќе биде постигнат договор. Двете страни потпишаа меморандум на 18 април како прв чекор кон постигнување договор за развој на минералните ресурси во Украина, договор промовиран од американскиот претседател Доналд Трамп.

Иако двете страни беа подготвени да потпишат договор за соработка во областа на природните ресурси во февруари, тој беше одложен по судирот во Овалната соба меѓу Трамп и украинскиот лидер Володимир Зеленски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ