„Разговаравме за важноста што Европската унија ѝ ја придава на повеќејазичноста и на зачувувањето на малцинските јазици како дел од европскиот идентитет. Ана Соле Мена ја истакна важната улога на европските програми Erasmus+ и Horizon Europe, кои обезбедуваат можности за изучување јазици, технолошки развој и продлабочување на меѓународната соработка“, информираше Стерјовски.
Таа нагласила дека јазичната разновидност претставува огромно богатство за Европа, придонесувајќи за поголема мобилност, соработка и општествена кохезија.
„Во разговорот ја запознав и со состојбата на Македонците во Албанија и со нашите заложби за зачувување и унапредување на македонскиот јазик, култура и идентитет“, додаде Стерјовски.
Искажав верба, нагласува, дека европските политики и програми за поддршка на јазичната разновидност отвораат нови перспективи за македонската заедница во Албанија, особено за младите генерации, образованието и примената на современи технологии во заштитата на мајчиниот јазик.
МИА






