среда, 13 мај 2026

Трипуновски бара расветлување како претходникот Николовски распределил 800.000 евра грантови за земјоделци

Потребно е целосно расветлување на случајот со распределбата на финансиски средства, зашто станува збор за повеќе од 800.000 евра, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски откако полицијата потврди дека неговиот претходник Љупчо Николовски, по наредба на Основното јавно обвинителство Скопје, на 7 мај бил повикан на информативен разговор во СВР Скопје во единица за економски криминал и корупција. Според Трупуновски, постојат сериозни индиции и докази за злоупотреби во доделувањето грантови, при што бил заобиколен системот на Платежната агенција.

Објавено на

часот

Сподели

Како што вели Трипуновски, како функционер, по промената на власта има обврска да постапи по доставените информации од свиркачи и да иницира проверка на сите сомнителни случаи. Неколкупати ја информирал јавноста и го повикал Јавното обвинителство да покрене постапки за наводните злоупотреби.

„Ова не е реваншизам, туку потреба да се утврди одговорност таму каде што има прекршување на законите. Случајот се однесува на заобиколување на законскиот систем за доделување грантови, при што тогашниот министер, Љупчо Николовски формирал сопствена комисија и делел средства без соодветна контрола и следливост. Во Комисијата бил еден поранешен нивен близок сопартиец, член на една политичка комисија“, истакна Трипуновски во гостување на Алфа.

Тој потенцираше дека со ваквиот пристап граѓаните биле доведени во заблуда, а одлуките биле носени со висок степен на субјективност.

„Станува збор за распределба на над 800.000 евра, за која постои сомнеж дека е извршена спротивно на законските процедури“, заклучи министерот.

Трипуновски додаде дека актуелното раководство не ги укинало програмите, туку ги вратило во законски рамки односно преку Платежната агенција, со јасни правила и контрола.

Тој посочи дека очекува институциите да постапат и да се расчисти случајот до крај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ