Морско ветре 2021 следи по засилените тензии меѓу НАТО и Москва, која минатата недела соопшти дека испукала предупредувачки истрели во близина на британски воен брод за да го избрка од руските територијални води во Црното Море покрај брегот на Крим.
Британија ја отфрли руската верзија на инцидентот.
Руската амбасада во Вашингтон минатата недела повика да се откаже вежбата, а руското министерство за одбрана кажа дека ќе реагира доколку биде потребно да ја штити сопствената национална безбедност.
Вежбата Морско ветре 2021 ќе трае околу две недели и во нив ќе учествуваат околу 5.000 војници на НАТО и други сојузнички земји и околу 30 бродови и 40 авиони. Ќе учествува и американскиот ракетен разурнувач УСС Рос и американски маринци.
[video:https://youtu.be/pI5GTToMY4Y autoplay:0]Украина вели дека главната цел е да се стекне искуство во заеднички акции за време на мултинационални операции на одржување на мирот и безбедносните операции.
Односите на Киев и Москва се на многу ниско ниво откако Русија во 2014 го анектираше полуостровот Крим, како и поради руската поддршка на сепаратистичките бунтовници на истокот на Украина.
Тензиите повторно пораснаа годинава кога Русија распореди голем број трупи на границата со Украина, во рамки на воена вежба, а дел од војниците останаа таму со воената опрема и по завршувањето на вежбата.
[video:https://youtu.be/CnKZHhRmSvA autoplay:0]





