среда, 22 април 2026

Украина го одби предлогот на Газпром, не сака руски гас

Објавено на

часот

Сподели

Милер изрази спремност на компанијата да го зголеми транзитот на гас преку Украина, ако тоа за неа е економски исплатливо.

Според Витренко, Русија со овој предлог покажува дека сака директно со Украина да се договара за ова прашање. Наводно, рускиот лидер Владимир Путин сакал да преговара со Украина, не само за транзитот, туку и за извоз на гас. Директорот на Нафтогас во тоа гледа наметнување „надувани цени за гасот“ на Киев.

„Резултатот на тоа е за рускиот гас да плаќаме просечно пет милијарди долари повеќе, отколку што добиваме за транзитот“, објасни Витренко.

Тој додаде дека Украина не сака, ако остане транзитер, дополнително да ѝ плаќа на Русија за гас, бидејќи на увозот троши помалку отколку што добива за транзитот. Тој не го наведе точното количество гас кое Киев сега го купува од Европа, а колку претходно купувал од Газпром.

„Украина сега е во плус, уплаќаме пари во државниот буџет. Не ни е потребен договор со кој парите од Украина би оделе во Русија“, заклучи тој.

Витренко ги отфрли гаранциите на Москва за продолжување на транзитот во следните 10 години, бидејќи „Киев не може да ѝ верува“.

Украина во 2015 прекина да купува руски гас и почна да купува од европските земји.

Во текот на минатата недела Вашингтон и Берлин постигнаа договор за Северен тек 2, што предизвика големо незадоволство во Киев. Украинските власти, кои стравуваат дека ќе го изгубат статусот на транзитна земја за транспорт на рускиот гас, предупредија дека ќе продолжат да се борат против проектот а од ЕУ да бараат компензација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ