Владата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со месеци тврдеше дека може да го задржи присуството на аеродромот во Кабул.
Ројтерс вчера објави дека талибанците побарале од Турција техничка помош во управувањето со аеродромот по заминувањето на странските војници, но дека исто така инсистираат војската на Анкара да го напушти Кабул во определениот рок, како и сите други странски војници.
Претежно муслиманската Турција беше дел од мисијата на НАТО во Авганистан и сѐ уште има стотици војници на аеродромот во Кабул.






