среда, 22 април 2026

Турција: Локализиран пожарот кај Анталија, тројца загинати, над 50 хоспитализирани (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Евакуирани се 20 градски кварта и соседни села, 112 лица се повредени од кои 58 хоспитализирани, најмногу поради труење со чад.

Министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли кажа дека е зауздан пожарот кој изби вчера и дека денес нема загрозени имоти или луѓе.

Меѓутоа, денес изби уште еден пожар, па пожарникарите се и понатаму на терен. Неколку куќи, дуќани и возила се уништени.

Покраината Анталија во која избија пожарите е популарна туристичка дестинација во Турција.

Неколку помалку шумски пожари горат и во други делови на Турција, но нема опасност по населени места.

Шумските пожари се чести на турското крајбрежје во лето, а за многу од нив се смета дека се подметнати.

[video:https://youtu.be/0JPp0AuRLic autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ