„Германскиот канцелар Фридрих Мерц мисли дека е во ред Иран да има нуклеарно оружје. Тој не знае за што зборува. Ако Иран имаше нуклеарно оружје, целиот свет ќе беше нивен заложник“, напиша Трамп на социјалните мрежи.
„Токму сега со Иран го правам она што другите земји или други претседатели требаше да го направат одамна“, додаде тој.
„Не е ни чудо што на Германија ѝ оди толку лошо, економски и воопшто“, рече Трамп.
Мерц претходно во разговор со студенти во Марсберг рече дека Иранците го надмудриле тимот на Трамп во преговорите.
„Очигледно е дека Иранците се многу вешти преговарачи, или поточно, тие се многу вешти во избегнувањето преговори. Целата нација е понижена од иранското раководство и затоа се надевам дека сето ова ќе заврши што е можно поскоро“, рече Мерц.






