петок, 24 април 2026

Трамп: Бајден ги понижи САД како никој досега во историјата

Објавено на

часот

Сподели

„Ова е ужасно време за нашата земја. Мислам дека сиве овие години нашата земја не била олку понижена. Не знам како да го наречам тоа, воен пораз или психолошки пораз“, рече Трамп во вторникот за Фокс њуз.

Поранешниот американски претседател ја спореди ситуацијата со иранската заложничка криза во 1979 година и праша дали сегашната американска администрација со своите одлуки ќе предизвика полош развој на настаните, бидејќи талибанците со свои контролни пунктови го опколија меѓународниот аеродром во Кабул, а има и информации за тепања и други насилства.

Трамп, исто така, рече дека сцените забележани викендов, кога од трупот на американски воен товарен авион висеа Авганистанци, кои подоцна и загинаа кога авионот почна да полетува, биле попонижувачки од евакуацијата на американската амбасада во Сајгон во 1975 година.

Тој рече и дека за време на преговорите минатата година го предупредил талибанскиот лидер Мула Абдул Гани Барадар дека Соединетите Држави ќе возвратат десет пати посилно ако некој Американец е повреден или ако милитантните сили навлезат во забранетите области.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ