Суга рече дека Јапонија никогаш не заборава дека мирот што сега го ужива државата е изграден врз жртвите на загинатите. „Ветуваме дека оваа воена трагедија никогаш нема да се повтори“, додаде тој.
Премиерот рече дека ќе соработува со меѓународната заедница во борбата против глобалните проблеми како дел од „проактивниот пацифизам“, визија што ја промовираше поранешниот премиер Шинзо Абе.
Суга не им се извини на азиските жртви на јапонската агресија во регионот во првата половина на 20 век.
Суга ја спомена штетата нанесена на Јапонија и јапонскиот народ, вклучувајќи ги и американските напади со атомски бомби врз Хирошима и Нагасаки, гранатирањето на Токио и другите градови и жестоката битка кај Окинава.
За разлика од него, царот Нарухито изрази „длабоко жалење“ за воените дејствија на неговата земја во внимателно формулиран говор по примерот на неговиот татко, кој посвети 30 години на помирување поради војната што ја водеше Хирохито, дедото на сегашниот цар.
Нарухито изрази надеж дека луѓето можат заедно да ги надминат тешкотиите на пандемијата и на сите им посака среќа и мир.






