среда, 6 мај 2026

Тинејџер кој уби двајца и рани трет е ослободен во САД. Бајден: Апелирам за мир

Објавено на

часот

Сподели

Порота од 12 членови го прогласи 18-годишниот Ритенхаус за невин за две убиства, обид за убиство и намерно нарушување на безбедноста за време на немирите проследени со подметнување пожари и грабежи на 25 август 2020 година во работничкиот град Кеноши.

Судењето ја поларизираше Америка, при што до израз особено дојде поделбата во општеството околу правото на носење оружје, а пресудата предизвика протести во некои градови, но политичарите и семејствата на жртвите повикаа на воздржаност.

„Ги повикувам сите да ги изразуваат своите ставови мирно и во согласност со владеењето на правото“, изјави пред новинарите претседателот Бајден пред Белата куќа.

На смиреност повикаа и адвокатите на семејството на Гејга Гроскројц, кој Ритенхаус го рани со полуавтоматска пушка.

„Сега ни е потребна правда, а не повеќе насилство“, кажаа тие.

Околу 200 луѓе учествуваа во немирите во петокот вечер во Портланд, Орегон, а протести се одржаа и во Чикаго и Њујорк.

Ритенхаус тврди дека дејствувал во самоодбрана кога фатално ги рани Џозеф Розенбаум (36) и Ентони Хубер (26) и го повреди Гејга Гроскројц (28).

Ритенхаус и мажите што ги застрела се белци. Инцидентот се случи за време на насилните протести поради ранувањето на Афроамериканецот Џејкоб Блејк при обид за апсење, кој остана парализиран.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ