Социјалдемократската партија на Германија (СПД) на Олаф Шолц освои 25,7 проценти од гласовите на парламентарните избори во Германија, што им дава мала предност пред ривалската Христијанско-демократска унија (ЦДУ), според најновите изборни резултати.
Партијата ЦДУ „се лизнаа“ на историски минимум на федералните избори, со освоени 24,1 отсто од гласовите.
Централно-десничарскиот блок на канцеларката во заминување Ангела Меркел, ЦДУ-ЦСУ, и нејзиниот кандидат Армин Лашет добија 24,1 отсто, што е најлошиот резултат во седумдецениската историја на партијата.
Партијата на Зелените, во весело расположение откако освои 14,8%, и покрај тоа што го загуби водството што го имаше претходно и од април падна за околу 13 проценти, е уверена дека ќе биде важен играч во претстојните коалициски преговори.
Зелените, предводени од Аналена Бербок, го постигнаа својот најдобар резултат и според првите резултати го освоија третото место, со што се пред либералите (ФДП), кои исто така напредуваа со 11,5 проценти.
Екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) по втор пат ќе влезе во парламентот, со освоени 10,3 проценти од гласовите, додека партијата Левица не успеа да го помине прагот од 5 проценти за влез во парламентот, освојувајќи само 4,9 проценти.






