среда, 29 април 2026

Таткото убиец од Загреб мислел дека не е биолошки татко на децата, водел двоен живот

Објавено на

часот

Сподели

Според собраните информации од наводно неименувано доверливо лице од најтесниот круг на убиецот, весникот Хојте пишува дека 56-годишникот наводно со години бил чест учесник во виенската „сцена на црвени фенери“ (проституција) и консумирал дрога, како и дека изгледал депресивно.

Истиот извор наведува дека Харалд Копиц на социјалните мрежи се прикажувал како примерен татко и објавувал фотографии од своите деца на пливање и во зоолошка градина.

Но, тоа според изнесената приказна била само фасада, бидејќи таткото наводно „не ги сакал“ своите три деца, бидејќи бил опседнат со идејата дека тој не е нивен биолошки татко.

„Тој беше опседнат со тоа. Копиц секогаш повторуваше дека е страшно да се имаат деца. А во последните две години навистина потценувачки зборуваше за своето семејство. Се гледаше омраза во неговите очи“, кажало лицето блиско до убиецот за австрискиот весник.

Хојте додава дека се претпоставува дека таткото ги убил своите деца под влијание на дрога, и дека хрватските власти истражуваат дали 56-годишникот во времето на злосторството бил под влијание на психотропни супстанци.

Се наведува и дека осомничениот убиец е стабилен и свесен, и дека во болница го чува полицијата.

Весникот наведува и дека Харалд Копиц во прошталната порака на Фејсбук остро ја нападнал масонската ложа „Браќа на слободните ѕидари“, која не сакала да му пружи помош во врска со работата и финансиските проблеми. Цитира изјава на еден од припадниците на „Браќата на слободните ѕидари“ кој кажал дека не го познавал Копиц лично и дека не може да го идентификува како припадник на наведената масонска ложа.

„Слободните ѕидари си помагаат едни на други и тоа само во легална рамка. Во согласност со тоа, ништо не оправдува убиство, тоа не е во согласност со филозофијата на Слободните ѕидари“, истакнал тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ