петок, 24 април 2026

Талибанците влегуваат во Кабул, почнаа преговори со владата за „мирно предавање“ на градот (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Високиот функционер за Ројтерс кажа дека талибанците „доаѓаат од сите страни“, но не дал повеќе детали.

Претставник на талибанците кажа дека со авганистанската влада почнале преговори за мирно предавање на градот, објави британската агенција.

Во твит од профилот на авганистанската претседателска палата се наведува дека пукање се слушна на бројни места во околината на Кабул, но дека безбедносните сили, во координација со меѓународните партнери, имаат контрола над градот.

[video:https://youtu.be/Y3mRfseXko4 autoplay:0]

Американски функционери кажаа дека дипломатите се префрлаат на аеродромот од амбасадата во утврдениот округ Вазир Акбар Кан. Повеќе американски трупи беа испратени синоќа да помогнат во евакуацијата откако молскавичното напредување на талибанците ја донесе исламистичката група во Кабул за неколку дена.

Талибанците за Ројтерс порачале дека групата не сака жртви бидејќи ја презела одговорноста, но не прогласи прекин на огнот.

Претседателот Ашраф Гани, кој во саботата кажа дека е на итни консултации со локалните лидери и меѓународните партнери, не кажа ништо за ситуацијата.

Претходно денес, милитантите без борба го заземаа источниот град Џалалабад, што им даде контрола врз еден од главните автопати. Тие го преземаа и граничниот премин Торкам со Пакистан, оставајќи го аеродромот во Кабул како единствен излез од Авганистан кој сè уште е во рацете на владата.

[video:https://youtu.be/7e51V92zkmU autoplay:0]

Заземањето на Џалалабад следеше откако доцна во саботата талибанците го зазедоа северниот град Мазар и Шариф, исто така со малку борби.

„Во Џалалабад нема борби бидејќи гувернерот им се предаде на талибанците“, изјави за Ројтерс авганистански функционер од градот.

„Дозволувањето на талибанците да поминат беше единствениот начин да се спасат животите на цивилите“, кажа тој.на снимката која ја дистрибуираа талибанците се гледа како луѓето ги поздравуваат и извикуваат „Алаху акбар“ додека конвој  со милитантите влегува во градот.

[video:https://youtu.be/sn-n0pch2o8 autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ