сабота, 25 април 2026

Талибанците уапсија неколку новинари на протест во Кабул

Објавено на

часот

Сподели

Протестот започна пред пакистанската амбасада во Кабул против, како што велат демонстрантите, мешањето на Пакистан во прашања на Авганистан, а особено против наводната поддршка на Исламбад за најновата офанзива на талибанците, во која продреа во провинцијата Панџшир, а потоа ја освоија.

Според извештајот на телевизијата Толо, еден од уапсените новинари е нивниот снимател Вахид Ахмади.

Еден авганистански новинар, кој бил меѓу приведените и кој подоцна бил ослободен, за АП изјави дека талибанците го казниле.

„Ме натераа да го тријам носот од земја и да се извинам што го следев протестот. Новинарството во Авганистан станува сè потешко“, рече новинарот.

Откако талибанците ја презедоа контролата над Авганистан, имаше извештаи дека талибанците тепале и им се заканувале на новинари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ