„Под наша контрола се авганистанските граници со Таџикистан, Узбекистан, Туркменистан и Иран, околу 90 проценти од границите“, изјави за РИА Новости високиот талибански функционер Забихулах Муџахид.
Талибанците водат офанзива против авганистанските сили од мај, додека меѓународните сили се повлекуваат од земјата, операција што треба да заврши до крајот на август.
Во меѓувреме, тие окупираа големи рурални области, како и неколку клучни гранични премини и ги опколуваат големите градови.
Без клучна поддршка од САД, авганистанските сили пружаат слаб отпор.
Претходно во јули, талибанците тврдеа дека заземале 85 проценти од територијата на Авганистан, што владата го оспорува и не може независно да се провери.
Талибанската офанзива ги загрижува пограничните земји, особено Таџикистан, кој со Авганистан дели граница подолга од 1.200 километри.
Таа авторитарна земја од централна Азија ја мобилизираше целата своја армија во четвртокот на изненадна вежба за борбена готовност.
Заеднички воени вежби со Русија и Узбекистан се закажани за август на авганистанската граница.






