Додека талибанските милитанти слободно шетаат низ претседателската палата во Кабул, групата прогласи победа во својата дводецениска борба.
Говорејќи за ТВ Ал џезира од палатата во неделата вечерта, портпаролот на талибанците Мохамед Наим објави дека војната за Авганистан е завршена, наведувајќи дека исламистичките милитанти ја постигнале својата цел да обезбедат „слобода на нашата земја и независност на нашиот народ“.
Armed Taliban fighters have entered Afghanistan’s presidential palace in Kabul hours after President Ashraf Ghani fled the country.
? LIVE updates: https://t.co/B5EwRybCpq pic.twitter.com/oPIGxxKT1V
— Al Jazeera English (@AJEnglish) August 15, 2021
Талибанците мирно влегоа во Кабул и од претседателската палата рекоа дека победиле и ја презеле власта во Авганистан.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=BQhRsR7UdWw autoplay:0]Авганистанскиот претседател Ашраф Гани, кој претходно ја напушти земјата откако талибанците побараа владата безусловно да ја предаде власта, призна дека талибанците победиле, наведувајќи дека тој заминал за да избегне крвопролевање. Според неименувани извори, неговите најблиски соработници ја напуштиле земјата со него.
Персоналот на амбасадите на Соединетите Држави и на Европската Унија се обидува да се пресели на сигурно, како и многу авганистански цивили.
Талибанците претходните денови ги окупираа клучните авганистански провинции и градови и според најавите на неименувани талибански функционери, тие наскоро ќе прогласат Исламски емират на Авганистан.
Авганистанскиот портпарол и преговарач рече дека групата, во која тој е член, води преговори насочени кон формирање „отворена, инклузивна исламистичка влада“ во земјата.
Сухаил Шахин зборуваше за АП откако талибанците за само неколку дена окупираа поголем дел од земјата и влегоа во главниот град Кабул, додека САД брзаат да ги повлечат своите дипломати и други цивили.






