Таа учествувала во бројни офанзиви во текот на војната меѓу авганистанските сили и талибанското движење.
Видеото и фотографиите од специјалната единица се појавија во рамки на програма на Авганистанската национална телевизија која сега се наоѓа под контрола на талибанското движење.
Талибанците на овој начин сакаат да испратат порака дека движењето располага со значително подобро опремени и обучени војници од претходно.
„Војниците се прикажани во униформи, чизми и панцири слични на оние на специјалните сили низ светот. Наместо излитен калашњиков, единицата Бадри 313 има пушки од американско производство како М4 со напредни нишани и опрема за ноќно набљудување на теренот. Бадри 313 веројатно е единицата во која се најдобро обучените борци на талибанците“, пишува Франс прес.
Сепак, експертите истакнуваат дека оваа единица не може да се споредува со специјалците на западните земји, но дека се секако поефикасни од другите талибански борци и авганистанската војска која се покажа како слаба.
Талибанската специјална единица Бадри 313 е наречена по славна битка во која Мухамед собрал 313 борци и ги победил многубошците.
Според експертите, не се знае колку борци има единицата и колкава опрема има на располагање, но за време на последната офанзива специјалните единици како оваа имале клучна улога во освојувањето на големите градови во Авганистан.
[video:https://youtu.be/0Ue8lfjHnEs autoplay:0]





