вторник, 21 април 2026

Талибанците нудат примирје во замена за ослободување на 7.000 бунтовници

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа е големо барање“, изјави Надери пред новинарите, додавајќи дека талибанците исто така бараат имињата на водачите на движењето да бидат избришани од „црната листа“ на ООН.

Без коментар за новото барање на талибанците, Надери истакна дека ланското ослободување на 5.000 талибанци, што било услов за преговори, веќе било „тешко барање“ и дека потоа „насилството не запре, туку напротив, се зголеми“.

Талибанците досега не одговорија на прашањето на Франс прес за таа понуда до властите.

Преговорите меѓу авганистанската влада и талибанците, кои почнаа во септември во Доха, сега се во застој.

Талибанците тврдат дека имаат 85 проценти од територијата, а авганистанските власти, кои останаа без американската поддршка, им даваат мал отпор на бунтовниците и сега ги контролираат само провинциските метрополи и главните патишта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ