четврток, 23 април 2026

Талибанците го зазедоа првиот главен град на авганистанска покраина

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот на полицијата во северната покраина Нимроз кажа дека главниот град Зарањ паднал во рацете на исламистите поради недостигот од владини сили.

Странските војници го привршуваат своето повлекување од Авганистан, а талибанците ги интензивираа нападите за да ја поразат владата, поставена од Соединетите Американски Држави.

Талибанците во изминатите месеци зазедоа десетици окрузи и гранични премини и притиснаа неколку главни градови на покраини, вклучувајќи ги Херат на запад и Кандахар на југ.

Зарањ е првиот покраински главен град кој бунтовниците го освоија откако САД со талибанците договори повлекување на американските сили во февруари 2020.

Локален извор кажал дека талибанците го зазеле кабинетот на гувернерот, седиштето на полицијата и база во близина на границата со Иран.

Талибански извори соопштија дека групата слави воен успех и дека падот на Зарањ ќе го крене моралот на нивните борци во другите покраини. Командантот на талибанците, под услов на анонимност, кажа дека Зарањ има голема стратегиска важност бидејќи е во близина на границата со Иран.

„Ова е почетокот и гледајте како другите покраини наскоро ќе паднат во наши раце“, кажал тој.

Талибанците денес во Кабул го убија водечкиот медиумски и информациски функционер на авганистанската влада.

Убиството на Дау Кан Менапал, шефот на владиниот Центар за медиуми и информации (ГМИЦ), е последното во низата кој талибанците го извршуваат за да ја ослабат владата на Ашраф Гани.

Највисокиот американски дипломат во Авганистан Рос Вилсон на Твитер напиша дека чувствува жал за убиството на Менапал, кого го нарече пријател и колега чија кариера била фокусирана на давање вистински информации на сите Авганистанци.

„Овие убиства се напад врз човековите права и слободата на говорот на Авганистанците“, истакна Вилсон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ