петок, 24 април 2026

Талибанците го освоија и вториот и третиот по големина град во Авганистан

Објавено на

часот

Сподели

Само неколку часа претходно, талибанците го заземале и главниот град на западната провинција Херат, кој воедно е и трет по големина град во Авганистан. Радикалните исламисти, застапници на најстрогиот шеријат, сега го контролираат полициското седиште, канцеларијата на гувернерот и градскиот затвор, рекоа советникот Гулам Хабиб и пратеничката во провинцискиот парламент, Рахима Жами.

Талибанците веднаш ги ослободиле сите затвореници од градскиот затвор, додека високи владини претставници, вклучително и гувернерот, побарале засолниште во близина на аеродромот.

Во провинцијата Херат, која дели долга граница со Иран, има два гранични премини кои се клучни за економијата на земјата – Кала и Торгунди.

Талибанците веќе ја преземале контролата врз трговските пристаништа.

Пред нивниот напад, илјадници луѓе бегаат од страв од бруталниот режим што оваа радикална исламистичка група го спроведува на територијата под своја контрола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ