четврток, 23 април 2026

Талибанците го нападнаа аеродромот во Кандахар во Авганистан, погоден со неколку ракети

Објавено на

часот

Сподели

Најмалку три ракети беа лансирани денеска кон аеродромот, при што два проектили ја погодија пистата, рече шефот на аеродромот Масуд Паштун, цитиран од АФП.

Нападот ја оштетил пистата, по што работата на аеродромот беше прекината. Сите летови беа откажани, но се очекува да продолжат во текот на денот, рече официјалниот претставник.

Талибанците ја засилија офанзивата врз главниот град на јужната провинција Кандахар, која се смета за родно место на исламистичкото движење. Групата доживува воскреснување, откако почна да освојува територија кога американските војници во почетокот на јули ја напуштија воздухопловната база Баграм, нејзиниот главен аеродром во земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ