Според американскиот весник, ЦИА спроведува неколку тајни операции за да ги евакуира Американците од Кабул и од други локации, користејќи воени хеликоптери.
Освен тоа, американските трупи, заедно со соработниците, особено Британците и Французите, изведуваат операции во земјата со кои ги извлекуваат своите сонародници, како и Авганистанците со зелена карта и специјални визи, н о приоритет се американските граѓани.
Откако администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави крај на военото присуство во Авганистан и ја почна евакуацијата, талибанците почнаа офанзива против авганистанската влада и ја презедоа контролата над најголемиот дел од земјата на 15 август.
Тогаш без борба ја освоија престолнината Кабул.






