петок, 24 април 2026

СЗО: Потребни ни се сите податоци за ковид-19, Кина да соработува

Објавено на

часот

Сподели

„Конкретно, за да се бавиме со ‘претпоставката за лабораторија’ важно е да се има пристап до сите податоци, да се предвиди најдобрата научна практика и да се разгледаат механизмите што СЗО веќе ги има“, соопшти Светската здравствена организација, истакнувајќи дека Кина навести дека СЗО дејствува под политички притисок во врска со студијата за потеклото на коронавирусот.

„Споделувањето податоци и дозволи за преиспитување на примероците… ова не е ништо поинакво од она што го бараме од сите земји, вклучително и од Кина, да го поддржат за да можеме брзо и ефикасно да напредуваме во проучувањето на потеклото (на пандемијата)“, наведе СЗО во соопштението.

СЗО соопшти дека е од „витално значење“ да се знае како започна епидемијата на ковид-19.

„Врз основа на она што го досега го откривме, следната серија студии ќе вклучува разгледување на податоците за првите случаи и првите потенцијални случаи во 2019 година“, рече организацијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ