Гебрејесус всушност го повтори претходниот апел за „мораториум“ на давањето трета доза вакцина, што во голема мера беше игнорирано.
Тој рече дека е „згрозен“ од ставовите изразени во вторникот од водечката асоцијација на производители на лекови, дека залихите на вакцини се доволно големи за да овозможат давање трета доза на луѓе во побогатите земји и прва во посиромашните, кои се соочуваат со недоволен број вакцини.
„Нема да молчам кога компаниите и земјите што ја контролираат глобалната испорака на вакцини мислат дека сиромашните треба да бидат задоволни со она што ќе остане. Бидејќи производителите им дадоа приоритет на богатите земји или потпишаа договори со нив, сиромашните земји се лишени од средства за заштита на нивното население“, рече Гебрејесус.
Според СЗО, во светот се дадени 5,5 милијарди дози вакцини против коронавирусот, од кои 80 проценти се во земји што не се сиромашни.






