петок, 24 април 2026

Светската програма за храна: На милиони Авганистанци им се заканува катастрофа

Објавено на

часот

Сподели

„Доаѓа невиден хаос поради неколкуте години суша, конфликтите и економскиот колапс, влошени од ковид“, кажа Бисли за Ројтерс.

„Бројот на луѓе на кои им се заканува глад сега порасна на 14 милиони“, додаде тој.

ВФП предупреди дека на Авганистан му се заканува хуманитарна катастрофа ако таа агенција на Обединетите нации не успее да собере 200 милиони долари до септември. На Авганистан му се заканува економски колапс откако странските земји и институции објавија дека ќе ги сопрат помошта и донациите откако талибанците на 15 август го зазедоа главниот град Кабул.

Бисли истакна дека пред меѓународната заедница се многу тешки одлуки и предупреди дека на Авганистанците ќе им биде пекол на земјата ако економската ситуација се влоши.

„На народот на Авганистан му треба помош веднаш“, истакна Бисли. Бројот на луѓето на кои им е неопходна помош од ВФП би можел да тројно да се зголеми ако меѓународната заедница му го сврти грбот на Авганистан, заклучи тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ