„Длабоко сме загрижени поради ситуацијата во Авганистан и нејзиното влијание врз изгледите за развој на земјата, особено во однос на правата на жените“, рече портпаролката на СБ Марсела Санчез-Бендер во изјавата.
Според информациите од веб-страницата на СБ, таа институција одвоила повеќе од 5,3 милијарди американски долари за развојни проекти во Авганистан, а Доверителниот фонд за обнова на таа земја, со кој раководи СБ, собрал повеќе од 12,9 милијарди.
„Ги прекинавме плаќањата за нашите операции во Авганистан и внимателно ја следиме и ја оценуваме ситуацијата во согласност со нашите внатрешни политики и процедури“, додаде Санчез-Бендер.
Светската банка соопшти дека ќе ги продолжи консултациите со меѓународната заедница и развојните партнери.
„Заедно со нашите партнери, бараме начини да останеме вклучени во зачувувањето на тешко постигнатите успеси во развојот и да продолжиме да ги поддржуваме луѓето во Авганистан“, заклучи Санчез-Бендер.






