Од таа земја доаѓаат страшни снимки кои прикажуваат евакуација на туристите со чамци и бродови.
Како што јавува Би-би-си, над 120 пожари се ставени под контрола, но пожарникарите и понатаму се борат со десетина пожари.
[video:https://youtu.be/lKdGiBL6Atk autoplay:0]За време на викендот, персоналите на хотелите и локалните жители морале да бидат евакуирани по море од популарните дестинации Бодрум и Мармарис, при што помогнале и приватните сопственици на бродови и чамци.
[video:https://youtu.be/VPAQtgLgWa0 autoplay:0]Една жителка на Мармарис на прашањето дали смета дека за пожарите се виновни големите годинешни жештини, кажала: „Не знам. Ова е нешто поинакво“.
„Вакво нешто не сум видела. Претходно знаевме дека има помали пожари, но вакви разурнување не сум видела“, кажала таа.
Властите се обидуваат да утврдат дали некои од пожарите се подметнати.
[video:https://youtu.be/d_GhlnPflA0 autoplay:0]





