четврток, 23 април 2026

Страшни глетки во Турција, во огнената стихија страдаат и луѓе и животни (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Бројот на настраданите во шумскиот пожар кој втор ден годи во јужна Турција порасна на четири, соопштија службата за вонредни ситуации и турскиот министер за земјоделство Бекир Пакдемирли.

„За жал, уште едно лице настрада во пожарите. Тоа се случи во областа Мармарис“, кажа турскиот министер за ТРТ.

Повеќе од 100 луѓе морале да бидат евакуирани, бидејќи им било потребно медицинско лекување или претрпеле материјална штета поради пожарите, пренесува Ројтерс.

Службата за вонредни ситуации соопшти дека 122 лица се погодени од пожарот, а дека на 58 луѓе им е пружена медицинска помош.

Се наведува и дека пожарникарски авион, 19 хеликоптери, околу 250 возила и 960 луѓе се дел од напорите за сузбивање на пожарот.

Телевизиските снимки во Турција пренесуваат снимки од изгорени станбени згради и луѓе како бегаат по полињата додека пожарникарите со хеликоптери се борат против пожарите.

Властите кажаа дека ова се најголемите пожари до сега, додека Пакдемирли соопшти дека од вторникот се забележани 41 пожар во 13 од 81 турска провинција, од кои 31 е ставен под контрола.

Турција ова лето се бори со низа катастрофи предизвикани од екстремните временски услови, вклучувајќи ги поплавите минатиот викенд во кои настрадаа шест луѓе.

[video:https://youtu.be/96EMW7BIOJs autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ