понеделник, 4 мај 2026

Стотици климатски активисти пристигнаа во Глазгов, меѓу кои и Грета Тунберг (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Многумина од нив пристигнаа пешачејќи десетици, па дури и илјадници километри, означувајќи го почетокот на собирите, кои се одржуваат истовремено со климатската конференција на ОН, која завршува на 12 ноември во тој шкотски град.

Синоќа младата шведска активистка Грета Тунберг пристигна во Глазгов со воз, откако еден ден претходно присуствуваше на митингот на млади еколошки активисти во Лондон против улогата на финансиските институции во климатската криза. Иконата на движењето „Училиштен штрајк за климата“, околу која веднаш се собраа медиумите, не даде изјава.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=ngbqHxOay7w autoplay:0]

Демонстрантите, кои пристигнаа од Шпанија, Белгија и самата Шкотска, претходно маршираа низ центарот на градот носејќи транспаренти со слогани како „Ајде да дејствуваме сега“, „Акции, а не зборови“ и „Стоп за фосилната енергија“.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=XdxlW9GuUXI autoplay:0]

Шкотската полиција соопшти дека околу 10.000 полицајци од цела Велика Британија ќе бидат распоредени на улиците на Глазгов секој ден за време на КОП26, најголемата операција за одржување на редот досега организирана во Шкотска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ