четврток, 23 април 2026

Србија профитира од „карантин туризмот“

Објавено на

часот

Сподели

Индија забележа повеќе случаи на зараза со коронавирусот од која било друга држава освен САД. На нејзините граѓани им е забранет влезот во многу држави за време на пандемијата освен ако по пат не минат две недели во некој друга земја.

Србија стана популарна дестинација во која Индијците ја прават паузата бидејќи не им се потребни визи ако се вакцинирани или покажат негативен ковид-тест.

Од нив се бара и најмалку првите седум дена од престојот во Србија да ги минат во изолација, во зависност од условите кои ќе им ги одредат нивните земји одредишта. Тие по завршувањето на карантинот мораат да направат уште еден тест за коронавирусот.

Џагдиш, од индискиот град Визагапатнам, престојувал во Белград на патот кон Соединетите Американски Држави.

Тој за Ројтерс кажал дека некое време чекал во Индија „нештата да се отворат“.

„Но, нештата не се отвораа… ја избравме Србија бидејќи не ни треба виза… а и Белград е убав за шетање“, кажал Џагдиш.

Сопствениците на хотели велат дека илјадници Индијци стигнале во Белград во јули.

„Не би го нарекол тоа „карантин туризам“, но на крајот се сведува на тоа… голем број хотели се полни“, вели Илија Смиљаниќ, менаџер на Марк група хотелите.

Ројтерс ги нарекува податоците на заводот за статистика дека Србија во јуни забележала годишен пораст на туристичките пристигнувања од 48,4 отсто, додека бројот на ноќевања се зголемил за 39,3 отсто. Се додава дека туризмот сочинува околу 2,5 отсто од БДП на таа земја. Србија минатата година изгуби повеќе од милијарда евра приходи поради ковид рестрикциите.

Од минатиот декември, Србија вакцинираше речиси третина од населението. Забележа повеќе од 722.200 случаи на зараза, а од вирусот починаа 7.118 луѓе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ