Србија последен пат имаше повеќе од 1.000 заразени на дневно ниво на 12 мај кога беа регистрирани 1.046 случаи на зараза, а од тогаш следеше опаѓачки тренд, за во средината на јуни да бидат шеесетина дневно,
Во изминатите 24 часа од последици на инфекција со коронавирусот во Србија починале шест лица, а меѓу 11.324 тестирани примероци се потврдени 1.072 нови случаи на зараза, објави денес српското министерство за здравство на официјалниот сајт covid19.rs.
На болничко лекување се 831 пациент, а на респиратори се 25.
Од почетокот на пандемијата се тестирано над 4,8 милиони примероци, а од 730.222 регистрирани случаи на зараза официјално се пријавени 7.158 смртни случаи поврзани со ковид-19, што е стапка на смртност од 0.98 отсто.
Србија надмина половина вакцинирани во вкупната популација – 50,4 отсто, што експертите го сметаат за доволно да се избегнат посериозни последици кои може да ги донесе четвртиот бран.
Државниот секретар во министерството за здравство Мирсад Џерлек веќе најави дека меѓу првите мерки ќе биде ограничување на бројот на луѓе на собирите, а сега горната граница е 500 лица.






