вторник, 21 април 2026

Србија е единствената земја-кандидат без поддршка за економските санкции на ЕУ против Белорусија

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел потврди дека другите земји-кандидати за ЕУ – Македонија, Црна Гора и Албанија се приклучија на одлуката на Советот на ЕУ да воведе економски санкции.

„Оние (држави што се приклучија) ќе обезбедат дека нивните национални политики се во согласност со оваа одлука на Советот. Европската Унија ја прима на знаење оваа одлука (на земјите-кандидати) и ја поздравува“, се вели во соопштението.

Освен земјите од регионот, на оваа одлука се приклучија и земјите од ЕФТА, Исланд и Норвешка.

Одлуката за насочени санкции е донесена на ниво на лидерите на земјите-членки на Европската Унија, на самитот одржан на 24 и 25 јуни оваа година.

Како што е наведено, одлуката на Советот на ЕУ да воведе нови рестриктивни мерки против белорускиот режим е „одговор на ескалацијата на сериозните повреди на човековите права во Белорусија и насилната репресија на граѓанското општество, демократската опозиција и новинарите, како и присилното слетување на авионот на Рајанер кон Минск на 23 мај 2021 година и притворањето на новинарите Роман Проташевич и Софија Сапега“.

На 6 јули Србија делумно ги исполни санкциите на ЕУ против Белорусија, но во исто време одби да донесе одлука за казнени мерки против 78 белоруски граѓани и седум ентитети.

Во август минатата година, Србија се приклучи во Декларацијата за претседателските избори во Белорусија, во која се наведува дека за време на изборната кампања, граѓаните на Белорусија „покажаа желба за демократски промени, но дека изборите не беа ниту слободни ниту фер“.

Србија е земја-кандидат што најмалку ја усогласува својата надворешна политика со политиките на ЕУ, вели Радио Слободна Европа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ